410
Агенцијата за управување со одземен имот обезбеди и пушти во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново.
Дритон Небиу, кој на директорското место во Агенцијата за управување со одземен имот, доаѓа од партијата „Алијанса на Албанците“, за донираното возило се пофали на социјалните мрежи.
„Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижи, особено од државните институции. Така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука! “ напиша директорот на агенцијата Небиу на Фејсбук.