Агенцијата за примена на јазици објави брошура во електронска верзија за употреба на службените јазици, која има за цел да се информираат граѓаните во однос на нивните права кои произлегуваат од новиот закон за употреба на јазиците.
Директорот на Агенцијата Илбер Села наведе дека јазичната рамноправност е една од највисоките вредности кои можеме ние како Република Северна Македонија да ги испочитуваме.
– Капацитетите што Северна Македонија во оваа насока ги гради се веќе се поставени и ние сега треба да ги применуваме. Јазикот е идентитет на една нација и има големо значење. Преостанува на нас да контрибуираме во овие вредност за да изградиме европска Македонија и да одиме гордо кон патот за членство кон ЕУ, истакна Села.
Наведе дека Агенцијата чека да се одобри ребалансот на буџетот, со цел да добијат пари за пачатење на публикацијата, посочувајќи дека брошурата е подготвена на македонски, албански и англиски јазик.
– Брошурата ни служи за да објасниме и да дадеме придонес во тоа сите институции и граѓани да можат да ја прочитаат и да се информираат во врска со основните работи што треба да се знаат и на тој начин тоа ќе придонесува за имплементација на Законот. Ова ќе придонесе за подобри односи меѓу граѓаните, а исто така ќе придонесува кон патот на земјата во евроатлантските интеграции, посочи Села.
Истакна дека земјата веќе има унапредено законодавство со кое се уредува употребата на јазиците, но за време на неговата примена во пракса се појавуваат недостатоци проблеми и предизвици.
– Агенцијата за примена на јазикот прв пат направи обид да подготви една публикација во вид на брошура која што има за цел да обезбеди информации за нашите граѓани во однос на можноста за остварување на нивните права на некој од службените јазици во нашата држава, но исто така оваа брошура цениме дека ќе биде и еден практичен водич и помошна алатка за институциите на државната власт во однос на тоа како да ги спроведуваат своите институционални обврски за спроведување на одредбите на новоспроведениот закон за употреба на јазиците којшто стапи на сила од месец јануари оваа година, посочи Лазо Матовски од Агенцијата.
Наведе дека брошурата содржи информации во однос на почетоците од самото основање на Агенцијата, нејзината мисија, делокруг на работа, надлежности, но исто така содржи и корисни информации за граѓаните во однос на тоа како да ги остварат своите права на изразување, право на говорење, право на користење на еден од службените јазици во постапки на органите на државната власт, како на централно така и на локално ниво.
– Секако дека применатата на новодонесениот Закон за употреба на јазиците на почетокот се соочува со предизвици и проблеми кои што постојат во пракса, но во принцип и улогата на Ангенцијата за примена на јазикот е токму во тоа да обезбеди институционална поддршка, посочи тој.