Агенцијата за медиуми нема да ја повика МТВ на објективно известување

by Фокус 14:35
14:35

Само новинарот Зоран Фидановски гласаше ЗА да се испарти барање до МРТ со кое ќе се укаже дека е неопходно објективно и професионално известување од страна на јавниот сервис во однос на адуио- снимките кои ги објавува опозицијата. Другите членови на Агенцијата за медими за застанаа против таквата идеја, односно четворица се спротивставија, а двајцата членови од албанска националност беа воздржани.

Точката на дневен ред беше ставена по барање токму на Фидановски кој смета дека јавниот сервис не ги исполнува критериумите за професионално известување и дека е неопходно агенцијата да го укаже тоа. Членовите кои гласаа против аргументираа дека не сакаат да навлезат во политика и дека МРТ има право да одлучи како ќе ги третира прислушуваните материјали. Практично тие го поддржаа ставот дека не треба да се објавуваат телефонските снимки на СДСМ, иако МРТ неколку пати објави дел од снимките обезбедени преку ПИМ мерки на кои зборуваат премиерот Груевски и Заев, или пак Бошкоски со заштитениот сведок од процесот „Кампања“.

Сепак двојниот аршин на МТВ и нивната партиска наклонетост не се доволни за агенцијата да даде насоки како треба да се однесува јавниот сервис. Расправата следува откако граѓаните со денови протестираат пред МТВ за да ги натераат уредниците да ги објавуваат аудио снимките на кои се слуша како власта ја спроведува политиката и како учествува во криминал.

 

Поврзани новости