Димитар Ковачевски се фалеше дека забранил да се купува мебел откако сите министерства купија луксузни софи и фотелји, а денес гледаме дека непродуктивните трошоци се бројат во милиони евра, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Агенцијата за храна и ветеринарство објави тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш, a плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното, односно согласно времените ситуации“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Според Арсовски, иако можеби е потребна нова зграда за вработените, сепак, во време на криза и кога се најавува штедење од страна на самата Влада, не е неопходно сега веднаш да се отпочне со градење и трошење на толкава сума на пари.
-Дополнително, дали цената е реална од 8.3 милиони евра за околу 2.600 квадрати површина или не е реална, и дали соодвествува со она кое што ќе биде изградено, тоа е друга приказна и друга тема која што треба дополнително да се разговара – рече Арсовски.