Агенција за пошти алармира: Лажни онлајн продавници има по социјалните мрежи

by Fokus

Агенцијата за пошти алармира дека на социјалните мрежи се појавуваат лажни онлајн продавници и посочи луѓето исклучително да бидат внимателни.

„Пред да започнете со процесот на е-купување, задолжително да се направи проверка на онлајн продавницата од која сакате да пазарите. Не секој поединец или фирма, што се претставуваат дека се онлајн продавници се веродостојни продавници. Знаеме дека секој поединец може брзо и едноставно да креира лажен профил на некои од социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм итн.) и да нуди продажба на производи и со помош на курирска достава да ги доставува до вратата на купувачот“, стои во соопштението.

Поврзани новости