Агенција за филм: Годинава македонскиот филм се доближува до „Оскар“

by fokus

По полнењето на светските киносали со дел од најновата домашна продукција, објавите и филмските критики во првиот дел од годинава, продолжува снимањето на повеќе долгометражни играни филмови, соопшти Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Агенцијата оценува дека ако се следат промоцијата и реакциите за документарниот филм „Медена земја“ во САД, годинава македонски филм се доближува и до холивудскиот „Оскар“.

-Се надеваме дека ова нема да биде единствениот конкурент, велат од оваа институција.

Информираат и дека изминативе три месеци почна снимањето на дебитанскиот филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ, новиот долгометражен филм „М“ на Вардан Тозија, како и на долгометражниот игран филм „Најтешкото нешто“, кој е прв македонски филм што ќе биде сниман на турски јазик на познатиот турски режисер Сердар Акар.

Покрај наведените долгометражни играни филмови, во тек е снимањето на играната серија за деца адаптирана по истоимената книга за деца „Зоки Поки“ на писателката Оливера Николова. Кон крајот на месецов е најавено и снимањето на дебитантскиот филм на Кристијан Ристевски „Снежана на крајот умира“, а во тек се интензивните подготовки за првиот долгометражен игран филм на македонската млада авторка Дина Дума „Сестра“ за кој е најавено снимање во текот на септември.

Поврзани новости