Американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер вели дека американската инвестиција во напредокот на судството во Македонија за жал не го дал оечуваниот поврат. Таа ова го изјави за весникот „Капитал“.
„Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција“, вели Агелер.
Таа додава дека на крајот системската корупција во целата земја во сите сектори подиректно им наштетува на луѓето во Северна Македонија отколку ним.
„ Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија. На тоа треба да се фокусира владата, без разлика на тоа која партија е на власт. Судството мора да биде независна, целосно финансирана и неполитичка гранка на власта. Политичките лидери треба да го сакаат тоа, а вие граѓаните треба да го барате“, изјави Агелер.