Агелер со писмо до македонските судии, загрижена и разочарана поради предметите вратени на повторно судење

by Fokus

Ангела Агелер – американската амбасадорка во земјава е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење. Таа, според информацијата која ја објави тв Алсат, испратила отворено писмо до судските и извршните органи на 11-ти овој месец.

„Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“ се вели меѓудругото во писмото од Агелер.

За писмото прокоментира денеска и вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска.

„Јас уште минатата година, го покренав прашањето за одлуките на Апелација. Веќе со меѓународните партнери сме договорени како ќе одат активностите. Се согласувам дека е сериозен проблем и дека сите активности што ги имаме како кабинет и изјавите и отворените порааки од страна на ЕУ и Американската амбасада, дека конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна, исклучиво во согласност со закон“ – рече таа.

Поврзани новости