Агелер се сретна со Бубевски:„Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување“

by Fokus

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска се сретна со шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.

Агелер на средбата со Бубевски, како што информираат од американската амбасада на Фејсбук, ја изразила поддршката за независното обвинителство.

„Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување“, порачала Агелер.

Поврзани новости