Агелер: Политичкото мешање во судството нема да се толерира, никој не е над законот

by Fokus

Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, порача американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, по веста за поставувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД.

„Денешното именување на Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција што ги поткопува демократските институции и ја нагризува довербата на јавноста. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок“ напиша Агелер.

Поврзани новости