САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, следната недела, рече амбасадорката на САД, Анџела Агелар.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на советникот, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Агелар посочи дека ова биде ќе многу интензивна година, а, како што рече, советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за Северна Македонија.
Во однос на прашањето дали разговарал за резултатите од истражувањето на американскиот тим кој пристигна во Скопје да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери, министерот Османи рече дека рамката, која што ги дефинира односите помеѓу САД и Северна Македонија и во однос на содржината е стратешкиот дијалог и акцискиот план кој што произлегува од него, за кој, како што рече, се очекува да биде усвоен од Владата во наредните денови.