Агелер очекува акција од институциите: Ако можеме ние да ги составиме доказите за Груби и Беџети, можете и вие

by Fokus

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер изјави дека се надевам оти ниту една политичка партија или личност не би работела на дестабилизација на својата земја, бидејќи како што вели, не гледа дека тоа може да биде во нечиј интерес.

„Разговарав со премиерот синоќа, веднаш по објавувањето на новите имиња на црната листа, бидејќи му ги пренесов објавите и разговарав повторно со него денеска. Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конфернецијата за проширувањето на „црната листа“ на Стејт департментот на САД.

Според неа, улогата на лидерот, без разлика дали во владејачката коалиција или во опозицијата, треба да биде во насока на обезбедување на стабилна, безбедна и просперитетна Северна Македонија.

Агелер рече дека Стејт Департментот нема да ги сподели доказите со македонските власти што ги има против Артан Груби и Енвер Беџети.

„Ако можеме ние да ги составиме доказите, можат и македонските власти“ рече таа и додаде дека очекува од македонските институции да ги разгледаат овие наоди бидејќи „корупцијата е епидемија во Македонија и канцер на ова општество“.

„Имате Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, имате судии,и мислам дека луѓето во оваа земја сакаат да видат резултати. Ние не можеме да ги контролираме властите што ќе направат. Но очекуваме да има чекори во таа насока, рече Агелер.

Синоќа Стејт департментот на САД ја објави најновата листа на санкционирани личности и неподобни за влез во државата, а на неа се најдоа поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети, како и нивните потесни семејства.

Поврзани новости