456
Ова е процес кој трае. Не можам да кажам кој е следен, бидејќи не знам. Процесот е многу длабински и се прави многу внимателно.
Ова го одговори американската амбасадорка Анџела Агелер на новинарско прашање кој ќе биде следен ставен на црната листа на САД.
-Важно е да се знае дека оваа листа, ова е 100 отсто неполитички и не е лично. Се базира на докази, според нашиот американски закон. Верувам дека и медиумите и граѓаните играат голема улога во целиот процес. Ние нема да дојдеме во Македонија и да апсиме некого. Македонските институции се оние кои треба да постапуваат.
Не е моја работа да им кажувам на институциите што треба да преземат. Информациите што ние ги имаме се собрани тука и се достапни, рече амбасадорката.
К.С.Б.