Новинарите на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) денеска во амеиканската амбасада во Скопје имаа средба со амбасадорката, Ангела Агелер.
Таа на својот профил на платформата Икс информираше за средбата со новинарите.
„Со задоволство денеска ја пречекуваме ‘групата’ новинари, уредници и вработените во ИРЛ Македонија. Ја препознаваме нивната напорна работа, со цел да ги информираат граѓаните во Северна Македонија за да ги разберат настаните и силите кои ги обликуваат нивните животи“ – напиша Агелер.
Delighted to welcome the “group” of journalists, editors & staff @IRLMacedonia today at the U.S. Embassy & recognize their hard work to provide the people of North Macedonia the information they need to understand events and forces that shape their lives. pic.twitter.com/rWk91iRUin
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 15, 2023
На официјалниот Фејсбук-профил на амбасада на САД во земјава пишува дека амбасадорката ги пречека новинарите на ИРЛ и им дала признание за нивната работа.
„Амбасадорката Агелер ги поздрави уредниците, новинарите и вработените во ‘Истражувачката репортерска лабораторија Македонија’ денес во Амбасадата на САД и им оддаде признание за напорната работа што ја прават новинарите во Северна Македонија и ширум светот, со цел да ги информираат граѓаните и да се уверат дека демократијата работи и испорачува за луѓето: Истражувачкото новинарство е критика на општеството и темел на новинарството. Слободата на медиумите е од суштинско значење за граѓаните да ги разберат настаните и силите кои ги обликуваат нивните животи“ – пишува во соопштението.