Агелер на гости кај Пендаровски, разговарале за „следните чекори“ на патот кон ЕУ

by Фокус

На денешната средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, било посочено дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, соговорниците разменија мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина.

„Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан“, велат од неговиот кабинет.

Поврзани новости