Медиумите ја имаат клучната улога во текот на изборниот процес во кој се наоѓа РС Македонија. Ова денеска на социјалната мрежа Икс го напиша американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Денеска е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што тие треба и мора да ја имаат во текот на целиот процес. Слободни медиуми кои ги испитуваат фактите, соопштуваат идеи и предлози до јавноста и ги притискаат функционерите да го објаснат нивниот став за прашања кои се важни за животите на граѓаните и за одредување на текот на државата“, напиша Агелер.
Македонија забележува скок од две места во однос на лани, од 38 на 36 место и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот, забележува „Репортери без граници“ за земјава во најновиот извештај за Индексот за слобода на медиумите.