Агелер: Македонија ѝ помогна на Украина повеќе од многу побогати земји

by Fokus

Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека Македонија ја потврдила својата лојалност кон Алијансата преку помошта која ја испраќа во Украина.

„Таа е четвртата земја која по број на жители и помогна на Украина и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на сиситенција. Ние сме многу благодарни и искрено многу други побогати земји не помогнаа на начин на кој помогна оваа земја. Сега е вистински момент да помислиме дека војната во Европа се уште трае, речиси две години подоцна. Една од можностите кои ги имам е да им заблагодарам на граѓаните и на институциите на оваа земја што ја поддржаа Украина и нивните напори преку НАТО и преку други начини против ужасната, бруталната и крватата инвазија на Русија и Путин,“ додаде Агелер во вестите на ТВ Канал 5.

Агелер рече дека САД знаат дека Русите се тука, во овој регион, практикувајќи злонамерно влијание, кое го виделе во целиот свет.

„Во моментов нивните дејства ги гледаме и во САД, а имаа и влијание во нашите претходни избори. Тие се многу активни овде и ја користат секоја можност да шират хаос“ рече Агелер, коментирајќи ја изјавата на заманик генералниот секретар на НАТО, кој посочи дека во пресрет на изборите во Македонија се очекува зголемена активност на хибридни закани, а истовремено апелираше дека е важно македонските граѓани да се едуцираат на оваа тема и да ги препознаат.

„Да знаеме за хибридните закани е многу важно. Како што веќе кажавме хибридно не значи дека пешадија ви влегува преку граница, но дали е мешање во пресрет на изборите или е дезинформација. Знаеме дека Русите се тука, во овој регион, практикувајќи злонамерно влијание, кое сме го виделе во целиот свет. Во моментов нивните дејства ги гледаме и во САД, а имаа и влијание во нашите претходни избори. Тие се многу активни овде и ја користат секоја можност да шират хаос“, рече Агелер.

Поврзани новости