234
Амбасадата на САД во Скопје упати видео честитка по повод 8-ми септември Денот на независноста.
Амбасадорката Агелер вели „на овој посебен ден се придружуваме на Северна Македонија и на сите вас во прославата на вашата Независност и вашите динамични и разновидни заедници“.
Како и нашата независност, вашата беше тешко здобиена со безброј жртви направени од оние кои верувале во моќта на слободата и демократијата, вели Агелер во видео честитката.