Агелер ѝ честиташе на Шекеринска, а и на Мицкоски за поддршката на нејзината кандидатира

by Fokus

Американската амбасадорка Анџела Агелер ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Агелер му честита и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура.

„Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша на Твитер амбасадорката на САД во Скопје.

Поврзани новости