Агелер: Ако го имате решението, ве молат да ми кажете како да се реши корупцијата

by Fokus

Амбасадорката на САД во земјава – Анџела Агелер во интервју за тв Сител зборуваше за корупцијата. Прашана за тоа како да се искорени корупцијата во Македонија, таа одговори:

„Ако го имате решението, ве молат да ми кажете како да се реши корупцијата. Судството треба да работи добро, и тоа е секогаш важно за секој аспект во животот, за образованието, здравството и за се друго. Мислам дека сето тоа се поврзува со уште нешто поважно, а тоа е економијата. Економијата е можност за земјата, затоа што гледаме многу млади луѓе кои си одат од оваа прекрасна земја, и треба да си поставиме прашање што можеме да направиме да се зацврсти економијата. Овие процеси поврзани се, и корупцијата е рак рана на општеството, и мораме да се соочиме со неа и да се бориме против неа“ – изјави Агелер.

 

Поврзани новости