Православниот народ од Повардарската епархија е згрозен од насилството врз демократијата, приредена од Талат Џафери и неговите истомисленици при донесувањето на разбојничкиот Закон за двојазичност во Собранието, реагира Митрополитот Повардарски Агатангел, по вчерашното изгласување на Законот.
„Целосно го поддржуваме претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов во намерата да не го потпишува Указот за антидржавниот и неуставен Закон за јазиците што беше донесен на вандалски и нецивилизиран начин. Пратениците кои го изгласаа овој Закон не можат да бидат сметани за ополномоштени народни избраници, поради рушењето на уставниот поредок. Законот ќе не води кон поделби, недоверба и продлабочување на разликите – се наведува во реакцијата Агатангел.