Агатангел собира донации за украинскиот народ!

by fokus

Повардарскиот митрополит Агатангел објави сметка на која хуманите граѓани можат да донираат финансиски средства за помош на украинскиот народ.

Како што појаснува на официјалната страница на Повардарската епархија, освен пари, се собираат и прехранбени производи, облека, пелени за бебиња и друго. Тој ги повика верниците да донираат за, како што вели, братскиот украински народ, во чија земја се води братоубиствена војна.

- Advertisements -

-Со голема тага ги следиме случувањата во Украина, каде се води братоубиствена војна помеѓу нашите братски, словенски и православни народи од Украина и Русија. Она кое не можеме да го сопреме во овој момент е овој неверувачки воен поход, но она кое можеме да го направиме е да ги упатиме сите нашите молитви за покој на душите на бројните жртви од оваа војна, како и за што поскоро завршување на овој невиден хаос и повторно утврдување на мирот како неприкосновен општествен поредок.

Повардарската епархија веќе започна со собирање на потребни средства за братскиот украински народ во вид на прехранбени производи со подолг рок на траење, средства за хигиена, текстилни производи (ќебиња, постелнина, крпи, чорапи), пелени за бебиња и слично.

Затоа упатуваме апел до сите наши духовни чеда да се вклучат во оваа акција за обезбедување на хуманитарна и финансиска помош за украинскиот народ.
Сметката на која може да ги уплатите вашите донирани средства е 210040688821710 НЛБ Тутунска Банка- порача митрополитот.

Исто така, информира дека донации можат да се остават во црквите во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Демир Капија, Валандово и Богданци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости