Агатангел повика на протест пред седиштето на ЕУ: „Да“ за интеграција, но „не“ со сменето име

by Фокус

Европа за Македонците не треба да биде срам и понижување, туку таму треба да влеземе со кренати глави, порача владиката Агатангел, повикувајќи на одржување на семакедонски собир против, како што вели, омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.

„ДA” за македонската евроинтеграција, но не со сменето име и непризнат јазик, црква и сменета историја. Не изневерија оние на кои им ја дадовме довербата – вели Владиката, додавајќи дека во Македонија се рушат овие столбови на државноста.

Тој посочува дека организатори на собирот се група разочарани луѓе, кои побарале поддршка од него како црковно лице.

Поврзани новости