Агатангел на литургија проповеда да се бојкотира референдумот: Се надевам дека во недела вашите роднини нема да излезат да гласаат

by Fokus

Во црквата Св. Кирил и Методиј, владиката Агатангел одржува света литургија против промена на името на нашата држава.

Тој потсетува на светоста на името на овој, како што вели, библиски народ кој живее во света земја.

На самиот почеток на обраќањето тој на присутните им кажа дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска православна црква.

– Се надевам дека во недела на 30-ти, вие и вашите роднини и нашите непријатели, нема да излезат да гласаат – кажа владиката Агатангел, поистоветувајќи го излегувањето на референдумот со срам за сегашните и идните генерации на оние кои ќе гласаат.

Поврзани новости