Агапи Дика дојде кај Русковска на распит за „Рекет“

by fokus

Агапи Дика, пред малку пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што е повикана на распит за случајот „Рекет.

Таа е претседател на  Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а наводно и потписник на одредена документација.

Вчера во обвинителството на распит била и Јованка Кухар, финансиски раководител и координатор во Меѓународниот сојуз.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

В.В.

Поврзани новости