Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само шесте пратеници на Левица.
Тој даде свечена изјава и седна на претседателското столче.Им честита на сите пратеници и им посака успешна работа.
„Бидејќи ова ми е трет пратенички мандат може да кажам дека сум имал можност да бидам и пратеник на власта и на опозицијата. Ќе се погрижам да овозможам на секој пратеник да му се гарантира право на изразување. Мојата единствена припадност ќе биде ниту еден пратеник да не биде дискриминиран“, рече Гаши.
Поранешниот претседател на Алтернатива која е дел од ВЛЕН, Гаши, беше предложен за претседател на Собранието со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВЛЕН и Движењето ЗНАМ.