Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, бара предвремени избори есенва бидејќи власта нема мнозинство за уставните промени. Според него, мнозинството сака да остане на власт со одолговлекување на гласањето за потребата од отворање на Уставот, вели тој во интервју за Алсат.
-Ако не поминат уставните измени во оваа фаза, ако не се гласа за потребата за уставни измени, тогаш ќе биде евидентно дека нема двотретинско мнозинство за да се продолжи со процесот. Тогаш нема никаква смисла оваа Влада, ова владино мнозинство и овој состав на Парламентот, не за Владата, туку составот на Парламентот, ние треба да сфатиме дека овој состав на Парламентот не сака да се направат уставните измени. Тоа што треба да го направиме ние е итно да одиме на избори, да имаме нов состав. На избори сите партии ќе се соочат со своите гласачи за уставните измени, сите би добиле согласност да влезат во овој процес и после изборите јас сум убеден дека новиот парламентарен состав ќе ги изгласа уставните измени. Идејата е на есен да има избори и на крајот на есента да имаме нов состав на Парламентот и да продолжат со процесот таму кај што е застанат, да гласаме за потребата за уставни измени за веднаш потоа да се отворат поглавјата и да продолжи процесот за што поскора интеграција на земјата во ЕУ, вели Гаши.