Во петок Министерството за здравство ќе излезе со нова препорака за ситуацијата со корона вирусот во Македонија.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој додаде дека нема нови случаи на вирусот во државава.
„Сакам да информирам дека набавката на заштитни материјали е во тек. Ќе ја подигнеме контролата на повисоко ниво. Патниците кои патуваат со „Виз Ер“ од Милано и Венеција, во авионите ќе треба да пополнат здравствена карта, што ќе овозможи подобра контрола. Во петок ќе излеземе со нова препорака, согласно свежите информации во нашата држава и регионот. Уште еднаш апелирам, граѓанните да се придржуваат до мерките. Осум кинески работници од „Синохидро“ се сместени во изолација, а двајцата колеги немаат знаци за корона вирус“, истакна Филипче.