Меѓународниот аеродром Скопје минатата 2023-та година забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот.
Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал аеродромот во Белград 7,95 милиони, втор е оној во Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони. Четврти според бројот на патници е аеродромот во Сплит со 3,59 милиони патници, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“.
Во 2023 година, Скопје првпат го престигна традиционално попрометниот аеродром во Дубровник.
Во однос на пред-ковид периодот (2019 година), белградскиот аеродром бележи 1,8 милиони повеќе патници, приштинскиот еден милион, а скопскиот дополнителни 400 илјади патници.
Најмногу патници лани летале со авиокомпанијата „Виз-ер“ (5,9 милиони), што е за 1,8 милиони повеќе во споредба со 2019 година.