775
Моментално најмногу активни случаи на корона вирус има во Скопје – 3 174, по што следат Струмица – 383, Тетово – 345, Куманово – 290 и Прилеп – 278. Трицифрени бројки има во Кочани, Штип, Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Гостивар и Кичево.
Активни случаи по општини во Скопје најмногу има во Аеродром – 631, Карпош – 511, Центар – 484, Гази Баба – 379, Кисела Вода – 366, Ѓорче Петров – 255, Чаир – 151, Бутел – 127, Илинден – 51, Сопиште – 26, Сарај – 21, Петровец –20, Шуто Оризари – 19, Чучер Сандево – 12, Арачиново – 10, Зелениково – 8, Студеничани – 6. Меѓу активните на територија на Скопје има и 16 странци и 81 нераспределен.