За само три месеци од спојувањето на двете компании „Вип” и „Оне”, просечна цена за минута разговор во мобилната телефонија се зголемила за над 15 проценти, а на мобилниот интернет за приближно 20 отсто.
На ова денеска реагираа од Агенцијата за електронски комоникации (АЕК) и како одговор на компанијата „Вип”, која на пазарот има удел од 53 отсто , предложија да се дозволи влез на нов мобилен мрежен оператор.
-Промените на пазарот на мобилната телефонија, посочи, се случија со спојувањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле и на вториот и третиот оператор Оне и ВИП, кои по преземањето и на кабелскиот оепратор Близу настапуваат како една компанија – потенцираше директорот на АЕК Сашо Димитриjоски.
Од агенцијата велат дека се прави обид да привлече нов мобилен мрежен оператор во земјава за да се зголеми конкуренцијата. Неодамна пазарот го напушти “Албафон“ кој влезе како четврти мобилен оператор, но се отакажа по две години работа во земјава.