АЕК нема да даде пари за Панорамското тркало

by fokus

Агенцијата за електронски комуникации, финансиер на Панорамското тркало, годинава нема да донира пари на сметката на ЈСП за изградбата на овој скап проект, објави ТВ 24, истакнувајќи дека од АЕК добиле одговор дека вишокот пари ќе ги употребат за други цели.

Владата пред неколку дена ја повика АЕК да престане да ја финансира изградбата на Панорамското тркало, но од АЕК не појаснуваат дали нивната одлука е донесена по барањето на Владата.

Од ЈСП пак велат дека како инвеститор се обврзани да го реализираат проектот, но не одговрија дали доколку АЕК не им ги префрли остатокот од парите ќе ја завршат изградбата и од каде ќе обезбедат средства.

Поврзани новости