Адвокатот од Белград, Тома Фила, во петок ќе престојува во Скопје, на правно советување симболично насловено „Duas Partes“ во хотел „Континентал“, во организација на ЈакнакиЗнае. Советувањето ќе биде составено од два дела: граѓански и кривичен.
Во граѓанскиот дел предавања ќе одржат:
-Судија Љубица Колиќ, судија при Основниот суд Скопје 2 Скопје, која ќе одржи предавање на тема „Примена на принципите и праксата на ЕСЧП во постапките за граѓанска одговорност за клевета и навреда”;
-Судија Анита Бошкова, судија при Апелационен суд Скопје, која ќе одржи предавање на тема „Ништовност на договорите”.
Во кривичниот дел предавања ќе одржат:
-Адвокат Јанаки Митровски, кој ќе предава на тема „Привилегираност на обвинителите во кривичните постапки”;
-Судија Јани Нича, судија при Апелационен суд Скопје, ќе предава на тема „Осврт на предвидените измени на ЗКП”;
-Адвокат Тома Фила, адвокат од Белград, кој ќе одржи предавање на тема „Нужна одбрана”.