487
Мислам дека овој сведок денеска даде свое видување на целата таа ситуација дека се работи само за обична тепачка, обичен инцидент и далеку од она што претставува правна квалификација, обвинување за тројцата обвинети.
Ова го изјави бранителот Иле Танев во врска со сведочењето на очевидецот за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
На денешното рочиште сведочеше Мартин Ѓорѓиевски, кој заедно со обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски бил излезен вечерта кога се случил конкретниот настан.