Адвокатот на Трамп: Синот на Бајден чува слики од малолетници на својот компјутер

by Fokus

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани соопштил дека на лаптопот на синот на американскиот претседателски кандидат Џо Бајден се пронајдени несоодветни фотографии со малолетни девојчиња.

Во емисијата „Њузмакс“, Џулијани покажал пораки кои, според информациите на списанието „Вашингтон егзаминер“, Бајден помладиот му пишувал на својот татко за неговата врска со Хели Бајден (вдовицата на неговиот брат).

Според прикажаните пораки на адвокатот на Трамп, Хантер Бајден наводно му напишал на својот татко дека Хели Бајден го обвинила за несоодветно однесување со малолетници.

„Не и се допаѓало тоа што голиот Хантер разговарал на Фејсбук со 14-годишно момче чие име намерно не било објавено во текстот. Девојчето, наводно, го негирало инцидентот“.

Адвокатот изјавил дека покрај овие пораки од Бајден Џуниор, во лаптопот се пронајдени и „бројни други фотографии на малолетни девојчиња“. Џулијани тврди дека сите материјали што ги добил на почетокот на овој месец биле предадени на полицијата.

Објавата стана достапна откако сопственикот на сервисот, во кој бил пронајден лаптопот на синот на американскиот претседателски кандидат, направил копија од хард дискот и му ја предал на Џулијани.

Минатата недела „Њујорк пост“ објави неколку електронски пораки, наводно, засновани на оваа публикација. Во едем е-мејл, која наводно му хо испратил на Вадим Пожарски, помлад советник на раководството на украинската енергетска компанија „Буризам“, Бајден се заблагодари за средбата со Џо Бајден. Во друго писмо, Пожарски го замолилл Хантер Бајден да размисли како тој може „да го искористи своето влијание“ за да и помогне на компанијата. Овие откритија се косат со тврдењата на Џо Бајден дека тој нема никаква врска со работата на неговиот син во „Буризам“.

Наводно ФБИ запленила лаптоп и хард диск поврзани со овој случај.

Хантер Бајден работел како консултант во управувањето со „Буризам“, заработувајќи до 50.000 долари месечно. Приврзаниците на Трамп се сомневаат дека Бајден Џуниор го користел својот татко за да лобира.

Покрај тоа, тие се сомневаат дека Бајден извршил притисок врз украинските власти да го заменат генералниот обвинител Виктор Шокин, кој ја истражувал компанијата „Буризам“. Џо Бајден го негирал ова, а демократите оваа објава ја нарекле кампања на Кремљ.

Поврзани новости