Александар Ѓорчевски – таткото на убиената Вања Ѓорчевска наместо да биде во притвор во Шуто Оризари, да оди во куќен притвор, бара неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ кој за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.
„Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае. Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, вели Туфегџиќ.
Адвокатот побарал од обвинителот да го викне на распит Ѓорчевски, кој додека трае истрагата, нема дадено свој исказ, и да одговори како ги прибавил и кому му ги дал снимките од надзорните камери низ центарот низ Скопје, што протекоа во јавноста, преку видеа на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.