Адвокатот на Таравари за одлуката печатите на АА да одат кај крилото на Села: Денеска немаше рочиште

by Fokus

Абидин Абдули – адвокатот на претседателскиот кандидат од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари вечерва кажал дека официјално не се известени дека Зијадин Села е претседател на Алијанса за Албанците иако претходно од крилото на Села соопштија дека Судот пресудил во нивна корист.

Абдули, како што пренесе ТВ21, е изнедаен затоа што немало закажани рочиште.

„Официјално немам добиено решение од Судот. Не се одржа седница, ако има одлука, тогаш таа е донесена без рочиште“, изјавил Абдули информирајќи дека за овој предмет се сменети дури четири судии.

Тој обвини и за притисоци.

„Дефинитивно ќе се жалиме, не знаеме врз која основа е донесена одлуката“, рече тој.

 

Поврзани новости