626
Адвокатот на Моника Ристевска, која вчера беше приведена откако во нејзиниот дом беше пронајдено одредено количество на наркотични средства, Јанаки Митровски на денешниот протест порача дека не е задоволен што Ристевска е во притвор, а државата им допушта некои фирми да водат милионски бизниси.
Тој исто така порача дека ќе биде поднесена жалба со цел да биде изречена поблага казна.
-Ќе поднесам жалба до кривичниот совет мерката притвор да се замени со поблага мерка. Сметам дека аргументите се на наша страна, но праксата не ми остава простор за оптимизам – изјави тој.
На Моника и е изречена мерка протвор поради постоење опасност од бегство, повторување на делото и влијание на сведоци. Адвокатот Митровски рече и дека со здружението на граѓани кое го застапува работат на законски измени со кои би се декриминализирало уживањето во марихуана.
-Недопустливо е државата да допушта мултимилионски бизниси за правни лица а уживателите да ги гони кривично. Никој не мора да биде притворен поради користење наркотици, особено канабис не е основ за одредување мерка притвор.
Одлуката на судот е склоп на ригидна политила која се води против корисниците – додаде тој.
На прашање на новинар дали би им дозволил на своите деца да употребуваат канабис, тој рече:
-Не знам зошто би им забранил.