622
Обвинетиот во случајот „Имперја“, Сашо Мијалков поднесе барање за преиначување на мерката притвор и побара истата да се замени со поблага мерка.
Неговиот адвокат, Љупчо Шврговски истакна дека во секој случај е подобро куќен притвор, отколку затворски.
„Се уште не знам каков ќе биде ставот на обвинителството. Очекуваме целосно да биде ослободен. Како и да е, куќен притвор е подобро отколку затворски. Условите во затворот во Шуто Оризари и дома не се исти“, порача Шврговски.