Адвокатот на Камчев револтиран: Тој инвестира во време на пандемија, а тие го апсат на Прочка!

by Fokus

Адвокатот на бизнисменот Орце Камчев, Тони Менкиновски не беше воопшто задоволен што на Камчев му беше одреден притвор од 30 дена, откако утрово тој бил приведен, поради сомнение дека подготвува бегство.

„Не ми е јасна одлуката на надлежните. Камчев во време на пандемија инвестира, отвора фабрики, а тие го апсат на Прочка. Ова е садистичка работа. Судијата покажа дека е контрадикторен, не можам јас да го учам на занает. Ние ги изнесовме нашите тврдења како одбрана и никогаш не станало збор за бегство“, истакна Менкиновски.

Поврзани новости