Орце Камчев рече: „Империја“ е измислен предмет за јас да бидам рекетиран“. Не може а да не се запрашаме дали е можна обратна ситуација: случајот „Рекет“ да е создаден за затворање на предметот „Империја“. Дали нападот е најдобра одбрана во секоја кривична постапка?
Вака адвокат на Катица Јанева, Дељо Кадиев, утрово ги започна завршните зборови за случајот „Рекет“, пренесе „360 степени“.
Адвокатот поентираше дека Јанева ја гонеле бидејќи ја злоупотребила службената положба и овластување на тој начин што му нудела на Камчев да биде заштитен сведок или да се спогоди, но самиот бизнисмен рекол дека Катица не му понудила ниту спогодба, ниту да биде заштитен сведок.
-Очигледно е дека Камчев не сведочи, туку дава одбрана во „Империја“. Тој има право да се брани како што сака во „Империја“, но не може да се брани така што ќе сведочи во друг предмет, рече Кадиев.