Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов за А1он денеска по рочиштето за Траекторија изјави дека здравствената состојба на ексминистерот кој веќе цела недела ја одбива храната од затворот, се влошува.
-Здравствена состојба е еден од условите за промена на мерката притвор во поблага мерка, но сепак за тоа ќе треба да одлучи Кривичниот совет. Како одбрана ќе размислиме дали ќе доставиме таков предлог до судот. Во овој момент само тоа ни стои на располагање.Она што неофицијално преку колегите имам сознание, а за што можевте и вие да се уверите во судницата, здравствената состојба веќе започнува да му се нарушува, а како тоа ќе тече понатаму ќе бидете известени, вели тој.
Јанакиески кој е повторно во притвор, вчера вечерта заврши во ГОБ 8ми септември со силна бубрежна болка. Поранешниот министер од Владата на Груевски, бил однесен од затворот во Шутка во ГОБ 8ми септември.