448
Покрај четворицата адвокати на Никола Груевски во случајот „Тенк“ и телохранителот помогна за неговата одбрана на денешното рочиште.
Адвокатот Димитар Дангов на сред рочиште го испрати телохранителот да ископира еден документ, кој денеска го доставија до судот ама немаа копија за обвинителите од СЈО.
Откако телохранителот се врати со копијата во раце, адвокатот Дангов забележа дека не му ги дал и останатите документи од поднесокот, па го врати назад повторно да копира.
Ова значи дека во моментот Груевски во судница е без обезбедување и ако тоа законски му следува.
В.В.