488
Сашо Дуковски, адвокатот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, изрази незадоволство од неукинувањето на притворот на Боки 13 и покрај, како што рече, 60 прегледи на Јовановски.
„Вие како новинари треба да се позанимавате со квалитетот на понудените докази. Ова се сведоци понудени од обвинителството. Што кажаа овие сведоци што ќе го поткрепи обвинението? Ние ќе се занимаваме со утврдување на фактичката постапка. Дали вас не ви личи на дескриминација кога двајца се со поблаги мерки, а еден е во ефективен притвор. Очигледно 60 прегледи се малку за укинување на приворот, па ајде да помогнеме со уште една евалуација од страна на други лекари од странство“, порача адвокатот Дуковски.