Денеска ОЈО Велес поднесе обвинителен акт против 30-годишниот пијан возач кој усмти девојче пред очите на неговата мајка, која беше тешко повредена во сообраќајната незгода која се случи во Велес.
Оттука, адвокатот од Скопје, Јанаки Митровски, кој го застапува оштетеното семејство, преку социјалните мрежи не го криеше разочарувањето од одлуката на Основното јавно обвинителство Велес. Тој бара кривично да одговараат и совозачите, но и мештаните кои два дена го криеле возачот.
„Како правен застапник на семејството на починатата единаесетгодишна Магдалена од Велес која беше прегазена на пешачки премин при што причинителот избега, ја искажувам мојата и разочараноста на семејството од одлуката на ОЈО Велес да не покрене постапка за кривично дело Помагање против тројцата совозачи на сторителот, како и против селаните кои го криеле сторителот. Воедно брзината од 68 километри на час која е утврдена со вешт наод и мислење за нас е дискутабилна бидејки родителите се сведоци дека сторителот возел со брзина од над 100 километри на час во зона во која е дозволено 30 километри на час“, вели Митровски.