Горан Миленков денеска е избран за претседател на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој најави транспарентна и јавна работа на Комисијата. Воедно Миленков изјави дека е длабоко убеден оти тој и сите останати членови со своите професионални етички карактеристики, ангажмани и стручни искуства што го имаат секој зад себе, ќе ја постигне целосно целта на законот на кој почива работата на Комисијата за спречување на корупцијата.
-Ветувам дека ќе бидеме транспарентни во своето работење и за сите наши одлуки јавноста навреме ќе биде известена, изјави Миленков.
Во врска со тоа дали Антикорупциската комисија ќе расправа за објавените наводно прислушувани телефонски разговори, Миленков изјави дека тоа не било тема на денешната седница.
Миленков и неговите нови колеги во Антикорупциска, Игор Тантуровски, Најдо Спасовски, Сузана Таскова-Аџикотарева и Жаклина Дамческа, Сеиди Халили и Фарије Алиу беа избрани од Собранието со 58 гласови „за“ и три „против“.