Адвокатот Миланов смета дека „бомбите“ не смеат да продолжат да опстојуваат во системот

by fokus

Адвокатот Еленко Миланов, кој е бранител на Никола Груевски, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека нелегално снимените материјали, односно „бомбите“ не смеат да продолжат да опстојуваат.

-Во однос на нелегалното снимени материјали се донесе посебен закон и се воспостави посебно обвинителсто кое не одговара никого и има мандат да работи само за овие материјали. Никој не спори дека тоа се нелегално снимени материјали, ние досега немаме разврска кој и како ги направил. Ни во Таргет и Тврдина нема кој тоа го иницира и кој го побара. Единствената позната работа е дека материјалите се нелегално создадени и не можеме да дозволиме тие да влезат во систем и да опстојуваат. До кога и како? Јас го прифаќам Законот за СЈО, но дека овие материјали може да продолжат да живеат, во некое друго обвинителство после одредените 18 месеци, тоа не го прифаќам, вели Миланов.

Поврзани новости