Адвокатот Липски до новинарката која сведочеше за “Крвавиот четврток”: Дали сонуваше дека ќе добиеш Пулицерова награда за своето известување од Собранието?

by fokus

По сведочењето на новинарка на Телевизија 24, на денешното судско рочиште за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието, адвокатот Сашо Христовски Липски се обиде да ја дескредитира, па безмалку и да ја навреди, за што претходно и се извини.

Тој и постауваше прашања како: Дали земала плата од Телевизија 24, дали е слободен и независен новинар, дали ја почитувала уредувачката политика на телевизијата, па дури и ја праша дали сонувала да добие Пулицерова награда за известувањето за овој случај. На сите овие прашања приговараше обвинителката Вилма Рускоска, а судот не ги дозволи прашањата.

На новинарката и беше дозволено да одговори на прашањето дали непристрасно известувала за случувањата во Собранието, на што таа одговор да, додавајќи дека секогаш известувала непристрасно.

Сепак со наредните прашања адвокатот се обиде да создаде слика дека сведокот е пристрасен, па ја праша дали лично броела дали 61 пратеник го избрале Џафери за претседател, бидејќи во текот на сведочењето истакна дека насилството започнало по изворот на Џафери од страна на мнозинството пратеници. Новинарката одговори дека таа не ги броела пратениците и не морала бидејќи за тоа не известувала, туку таа информација одела во живо на телевизијата.

Адвокатот потоа ја праша да каже дали знае кои од претходно кажаните делови од сведочењето произлегуваат од нејзиниот личен впечаток, а што произлегува од објективното новинарско известување? На ова реагираше обвинителката Рускоска која истакна дека сведочењето на новинарката произлегува од длабока доживеана траума.

Поврзани новости