Адвокатот Гажоски: СЈО мора да ја обжали пресудата за Талевска и да побара ефективен затвор

by fokus

Новинарката Ивона Талевска беше осудена на условна казна од две години затвор, откако денеска во Kривичниот суд призна за затајување на данок, во предметот  на Специјалното јавно обвинителство „Тифани“. Ова значи дека Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета. Авокатот Ѓоко Гажоски за „Фокус“ ја анализираше пресудата за која смета дека Специјалното јавно обвинителство мора да поднесе жалба и да бара казна ефективен затвор.

-Доколку СЈО не ја обжали првостепената пресуда и да побара ефективен затвор, бидејки делото не е во основниот облик туку е квалификаторно, ќе сметам дека и самото СЈО е веќе ставено во математиките и комбинаториките на извршната и судската власт под превезот на медиумската слобода и драстичното менување на уредувачката политика на Сител ТВ во последната скоро година дена. Судијата мораше да го цени фактот што износот на обврската која е избегната со самото затајување е голема, вели Гажоски.

Според него, денешната пресуда во најмала рака е несреќна и тој очекува СЈО да поднесе жалба во делот на одмерување на видот и висината на кривичната санкција.

-Оваа грешка во однос на изречената санкција Апелација мора да ја исправи за да се врати довербата во правосудниот систем. Оваа пресуда стимулира извршување на нови кривични дела, смета адвокатот.

К.С.

 

Поврзани новости