Адвокатот Асмир Алиспајиќ нема да ја плати паричната казна од 2.000 евра со која неодамна го казни судијката Софија Лаличиќ, бидејќи Кривичниот совет ја уважил неговата жалба.
Пред речиси два месеци судијката Лаличиќ го казни адвокатот поради објавен статус на неговиот фејсбук профил, во кој напиша „Сваровски судијата Софија Лаличиќ дно од судија, под итно разрешување“.
„Фокус“ дојде во решението на Кривичниот совет во кое пишува дека жалбата на адвокатот се уважува.
-Во конкретниот случај, Советот утврди дека судијата при овој суд неправилно ја применил одредбата член 88 став 1 од ЗКП кога утврдиле постоење на навреда кон судот и на Асмир Алиспајиќ, адвокат од Скопје, и му изрекла паричка казна од 2.000 евра, пишува во решението.
Од Советот заклучиле дека фејсбук статусот на адвокатот не може да се поврзе со кривичната постапка која се водела пред судот. Адвокатот вели дека е задоволен од решението на Кривичниот совет.
-Ова е единствена законска одлука која можеше да се донесе по таква незаконска одлука на судијката Лаличиќ, вели адвокатот Алиспајиќ за „Фокус“.
Судијката Лаличиќ во решението донесено на 5 септември образложува дека адвокатот застапувал обвинет за разбојништво, но на судењето се однесувал несоодветно, поради што го опоменала и на записник. По паузата, како што пишува судијката, адвокатот не се вратил во судница, па таа на обвинетиот му поставила бранител по службена должност. Но судијката, не носи решение да го кази адвокатот во судница, туку бидејќи истиот ден во 20 часот обвјавил фејсбук статус, според кој го навредил судот.
Судијката Лаличиќ во јавноста стана позната по објавување на „бомбите“ од СДСМ, односно откако беше објавен нејзин разговор со Сашо Мијалков, во времето кога бил директор на УБК. Во разговорот Мијалков ја известува Лаличиќ дека е избрана за судијка во Кривичниот суд.
Валентина Вурмо